Четиригодишно девојче почина во болница откако вчера во 13.30 часот во Скопје, беше прегазено на ул. „Цветан Димов“.
До сораќајната незгода дошло кога автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Б. Б. (62) од Скопје удрил во четиригодишното девојче, пешак, од с.Моране. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде по укажаната лекарска помош, во 21.30 часот истата починала.
По незгодата Б.Б. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истиот е задржан во полициската станица во Бит Пазар, а денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.
Во врска со настанот еден полициски службеник се здобил со повреди. Истиот, при преземање службени дејствија, односно при обид да спречи лица да го нарушат Јавниот ред и мир се лизнал и се самоповредил, при што бил префрлен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Тригодишно дете од Битола тешко повредено откако во него удрило комбе