Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган следниот месец, пред одржување на самитот на НАТО, ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Извори од кабинетот на Ердоган вчера соопштија дека Трамп телефонски го побарал турскиот претседател и „му ја честитал победата на референдумот“.
Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен изрази задоволство од честитката на Трамп по повод резултатите од референдумот.
– Убаво е, но уште поубаво би било да се сретнеме во живо и да ја подобриме нашата соработка. Ми се допаѓа Трамп и неговите потези ме прават среќен. Ние сме сојузници и верувам дека можеме да решиме многу проблеми, порача Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст