| четврток, 6 декември 2018 |

Во Северна Кореја се дозволени само 15 фризури (ФОТО)

koreja-zeni

Владата на Северна Кореја објави илустрации на 15 „прифатливи“ женски и машки фризури, кои Севернокорејците може да ги побараат од фризерот или берберот.

Во секоја берберница во Пјонгјанг се појавија плакати со дозволените фризури, но како што пишува „Дејли мејл”, ниту една од нив не наликува на фамозната фризура на лидерот Ким Џонг-ун.

koreja-mazi

Според овие „илустрации“, младите Севернокорејки не смеат да се потстрижат кусо, оти така ќе ги прекршат правилата. Но, можат да носат шишки, плетенки и шнола.

На мажените жени пак, им се препорачува кусо потстрижена фризура, налик онаа на првата дама на Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top