| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Македонската економија годинава со раст од 3,2%, следната 3,4

mmf-640x294
Меѓународниот монетарен фонд во најновата економска прогноза предвидува дека македонската економија годинава ќе има раст од 3,2 отсто, а догодина од 3,4 проценти.
Во документот објавен на традиционалното пролетно заседание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, се посочува дека растот на македонскиот БДП до 2022 година ќе се движи до 3,8 отсто.

Највисок економски раст во регионов годинава ќе забележи Албанија со 3,7 проценти, а најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9. Србија и Босна и Херцеговина годинава ќе ја завршат со раст на БДП од 3 проценти, Косово 3,5 и Црна Гора со 3,3.

ММФ и во 2018 година предвидува највисок економски раст од 4,1 процент да оствари Албанија, а по неа се Косово со 3,6, БиХ и Србија со 3,5, Македонија и Црна Гора со 3,4, а најмал раст ќе имаат Бугарија со 2,7 и Хрватска со 2,6.

Светска банка во почетоков на април годинава излезе со прогноза дека македонската економија во 2017 година ќе забележи раст од 2,8 проценти, а во 2018 од 3,3 отсто.

Според проценките на ММФ, светската економија годинава ќе порасне за 3,5, а во 2018 за 3,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top