| четврток, 6 декември 2018 |

Добиваат по 1.000 евра месечно, а не работат ништо!

Една германска стартап фирма „Majn Grundajnkomen“ од 2014 година дава по 1.000 евра месечно како дел од социјален експеримент за основен месечен приход.

Пари добиваат 85 луѓе, вклучувајќи околу десеттина деца. Основачот на фирмата Мајкл Бомејер верува во идејата за основен месечен приход, кој сите би го добивале.

– Благодарение на мојот прв стартап имам редовни приходи, а животот ми стана покреативен и среќен. Затоа сакав да покренам социјален експеримент – рекол 31-годишникот.

Овој Германец собрал и донации од 55 000 луѓе по пат на кровдфаундинг модел. Луѓето кои ќе добиваат по илајда евра месечно се избрани случајно, во пренос во живо.

Германскиот парламент во 2009 година ја одби петицијата за воведување на основен месечен приход која ја потпишале 50 000 луѓе. Противниците веруваат дека овој проход би го променил односот на човекот кон работата, некои го нарекуваат „награда за мрзеливост“.

Големите синдикати ја одбија идејата, нарекувајќи ја „либерален тројански коњ“ кој би ја зголемил нееднаквоста.

Сепак, околу 40 отсто од јавноста уште мислат дека тоа е добра идеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top