| четврток, 6 декември 2018 |

Во Галеријата на МКЦ: Прва самостојна изложба на Филип Велковски

В четврток, на 20 април, во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) е закажано отворањето на првата самостојна изложба на Филип Велковски.

„Во племенските иницијациски обреди, фазата на премин од еден општествен статус во друг според антрополозите е дефинирана како „лиминална“ [lat. limen – праг]. Oвa е фаза во која идентитетот и статусот на индивидуата или групата што го извршува обредот лебди во гранична линија. Преминот од јаве во сон, oд ден во ноќ се процеси во кои две конкретни состојби се разделени со една состојба, која не припаѓа „ниту ваму ниту таму“. Тој меѓупростор и тоа меѓувреме е лиминална зона.

unnamed (8)

Креативниот процес на создавање како лиминален процес (во однос на настанокот на делото) е област на можности, кој ги одбива сите класификации. Умот за време на процесот е растеретен од бремето на собраното знаењe, ставови и концепции и е целосно посветен на решавање на проблемот. Производ на таков ум се „Лиминалните фигури“, кои не се ниту човек, ниту бог, ниту ѓавол“ вели Велковски.

Изложбата се состои од дваесет и три слики изработени во техниката масло на платно. Сликите се изработени во период од три години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top