Седумнаесетгодишна девојка починала откако била нападната од ајкула додека сурфала со својот татко на јужниот брег на Австралија, пишува „Скај њуз“. Нападот кој се случил на популарната сурферска дестинација познатата како Келп Бедс, покрај градот Есперанс, наводно го сведочеле мајката и сестрата на 17-годишната девојка.
Медиумите јавуваат дека ајкулата тешко ја повредила ногата на девојката, и дека таа изгубила премногу крв кога била извлечена од вода.
Прва помош била пружена веднаш на плажата, па потоа девојката во критична состојба била префрлена во болница во Есперанс.
Полицијата подоцна потврдила дека девојката умрела поради повредите, и преку Твитер изразила сочувство на семејството.
Плажата во заливот Вилеи, каде се случил нападот, е затворена на неодредено време, а луѓето се предупредуваат на тоа подрачје да не одат во наредните неколку денови.
Голема бела ајкула со средна големина била видена два пати на тоа подрачје во текот на минатата седмица.
Министерството за риболов ќе почне со патроли во водите на заливот и ќе ги истражува околностите на нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст