| четврток, 6 декември 2018 |

На „Танц фест 2017“ во МНТ ќе гостува современиот танцов театар од Пекинг

Во претставата настауваат танчерите на компанијата: Танг Ѕупеј, Зан ЛИ, Зао Јин, Хан Лина, Мао Јинг, Пу Руи, Зао Веијуан, Ксу Зидонг, костимите се на Благој Мицевски, а музикта специјално подготвена за претставата од нашата позната група Љубојна

„Танц фест“ продолжува на 20 април кога на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе ја видиме претставата „R.E.M. (Rapid Eye Movement) A dream section” на Најн современиот танцов театар од Пекинг, Кина, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, која беше гостин-кореограф во оваа компанија во мај и август 2016 година.
Во претставата настауваат танчерите на компанијата: Танг Ѕупеј, Зан ЛИ, Зао Јин, Хан Лина, Мао Јинг, Пу Руи, Зао Веијуан, Ксу Зидонг, костимите се на Благој Мицевски, а музикта специјално подготвена за претставата од нашата позната група Љубојна.

Премиерата на “Р.Е.М. – Низа од соништа“, премиерно се одржа на церемонијата на затворањето на Интернационалниот фестивал за современ танц во Пекинг „The New“ на 30 август 2016.
Во 2017, компанијата е на Европска турнеја, поддржана од проектот за културна размена на Пекингшкиот уметнички фонд , со цел да го презентираат делото “R.E.M. – A Dream Sequence” , кореографирано од Рисима Рисимкин (Македонија).  Со оваа претстава на Рисимкин, тие ќе се претстават и на фестивалот Екзодос во Љубљана , како и во Холандија во престижниот театар Theater De Nieuwe Regentes во соработка со Новиот танцов центар и култниот центар Корзо во Хаг.
Првпат се случува кинеска танцова компанија со странски кореограф да оди на европска турнеја, што претставува потврда за квалтетот на работата на кореографот Рисимкин, но и огромен успех за Македонија, која секаде е претставена како земја од која Рисимкин потекнува.
„Р.Е.М – Низа од соништа“ е претстава која го истражува физичкиот аспект на потсвеста, каде емоцијата е магична, преку нереалноста на живеењето и нејзиниото отелотворување. Тоа е патување низ интимниот имагинарен свет, свет за кој многу малку знаеме … прашањето останува … но во реалноста е само сон, зарем не?“

unnamed (5)

Истражувањето во подготовките на претставата се задржа на начинот на оформување на слики при сонувањето, посебно во петтата фаза, таканаречена “Rapid Eye Movement“ т.е. R.E.M. фаза во која човекот сонува. Овие соништа некогаш ги запаметуваме, некогаш не. Кога ги паметитме, тие се јасни, некогаш неповрзани слики, кои всшност зборуваат за нашата потсвест, начинот на кој функционираме, нашите стравови или надежда која ја имаме. Самиот процес на креирање се базира на ситуации, кои произлегуваат од соништата на танчерите кои учествуваат во претставата. Секоја од ситуациите е сон на еден од танчерите, слика која служи за развој на самата кореографија и дефинирање, т.е. недефинирање на односите на учесниците. Процес на создавање на слики од соништата, низ нивно физичко осознавање и преточување на мислата/сликата во физичка состојба, како процес на движење кој поминува низ самото тело. Телото/телата се објекти кои го преточуваат сонот во сценска приказна, низ ненаративен план на разработка на материјалот, водени од чисто физичко чувство за искажување – вели Рисимкин.

Nine Contemporary Dance Theatre (9CDT) е компанија која е основана во 2010 година под раководство на уметничкиот директор и кореограф Чаоке и Луо Хаиоунг како продуцент. Како една од водечките компании за современ танц во Кина се наоѓа во Пекинг и е поддржана од Кинескиот културен центар во Чаојанг.

Уметничката мисија на 9CDT е да ги изрази своите естетски разновидности преку секое ново дело. Да се градат и негуваат идеи, концепти, филизофии, од различни кореографи од целиот свет. 9CDT цели кон истражување не само на вечните теми како љубовта, животот и смртта, индивидуалните врски, туку и идеи кои што го рефлектираат духот на времето како социјални проблеми, интердициплинарни истражувања кои можат да допринесат за развој на современиот танц во Кина на интернационално ниво.

Компанијата продуцира различни перформанси со кореографи од Кина и од странство, како “R.E.M. – A Dream Sequence”, во кореографија на Рисима Рисимкин (Македонија) 2016 , “Trans La Valo” во кореографија на Хозе Крисис (Spain), 2015; како и претставите: “Fume”, “Day Five”, “La festadell’insignificanza”, “Moth”, “Dreams of Zen”, “In Between”, “Ashes & Rebirth”, “Der name der rose”, “Flourishing Alone”, “Salome”, кореографирани од кинески кореографи.
unnamed (6)
Продукции од компанијата се прикажани на многу фестивали и настани во Кина, како: National Center for the Performing Arts (Beijing, China), Modern Arts Week of Silk Road International Arts Festival (Xi’an, China), Beijing New Dance Festival (China), Beijing 798 Arts Festival (China) Skopje International Dance Festival (Macedonia) and Algiers International Dance Festival (Algeria).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top