Ова е дописот со кој делегацијата на тинк-тенк организацијата, „Европскиот совет за надворешни односи“, а во чие својство како копретседавач е Карл Билд, бара средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Дописот е со датум од 5 април 2017 година.
Имено, поранешниот шведски дипломат кој е во посета на нашата држава во својство на претставник на невладина организација, пред седиштето на СДСМ, во својата изјава рече дека не побарал средба со претседателот Иванов.
„Не знам, не сум побарал средба“, одговори Билд на новинарското прашање дали побарал средба со македонскиот претседател.
Претходно, Билд правдајќи се пред македонските новинари изјави дека негова примарна цел не била средба со претседателот Иванов, што е во тотална спротивност со дописот испратен до Кабинетот на Претседателот на Репиблика Македонија.
Од Кабинетот на Иванов потврдуваат дека до нив е пристигнат допис со барање за средба од страна на организацијата „Европскиот совет за надворешни односи“, и додаваат дека ставовите на претседателот во однос на актуелната политичка состојба се јавно и јасно искажани во повеќе наврати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани