После цели 22 години минати како младинец и дел од првиот тим на Челси, Џон Тери и официјално става крај на патешествието поврзано со неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“, одлука која всушност ја потврди клубот од Лондон преку официјално соопштение ова попладне.
Челси испрати соопштение до јавноста во кое се потенцира дека првите луѓе на клубот и легендарниот капитен заедно одлучиле дека ова ќе биде негова последна сезона во синиот дрес, што всушност значи дека искусниот 36-годишен стопер става крај на незаборавните 19 години како дел од првиот тим на Челси во кои успеа да освои се што можеше да се освои на клупски план (вкупно 14 титули).
– Џон Тери и Челси денеска заедно одлучија да донесат одлука дека капитенот ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Сите од „Стемфорд Бриџ“ сакаме да ја потенцираме огромната благодарност до Џон и да му посакаме многу среќа во иднина. Џон повеќе од две декади му даде се на клубот. Во тоа време, тој ја прикажа својата гордост за носењето на дресот на Челси, тоа го направи во 713 наврати досега од неговото деби во 1998 година. Постигна 66 голови, тој е третиот играч со најмногу настапи за Челси, а рекордер по тоа што дури 578 пати го предводеше Челси како капитен. Оваа сезона имаше помала улога на теренот, но и натаму имаше големо влијание во соблекувалната и под водство на Антонио Конте – се вели во соопштението на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда