Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 67,5 денари за литар, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 69,5 денари.
За литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се плаќа 52,5 денари, а за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 41 денар. За 1,766 денари поскапува мазутот М-1 HC и килограм од овој енергенс ќе чини 27,402 денара за килограм.
Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени за 4,58 проценти, а рафинериските за 6,92 процента.
РКЕ ја утврди новата цена на бензините врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминаитите 14 дена и курсот на доларот во однос на денарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.