| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија ги затвора вратите, многу потешко ќе се добива работната виза

Австралија планира да ги укине работните визи за странци и да ги замени со привремени, кои обврзуваат подобро познавање на англискиот јазик и високи работни квалификации, најави денеска австралискиот премиер Малколм Турнбул.

– Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: австралиската работа и австралиските вредности, напиша Турнбул на својот Фејсбук профил.

Тој очекува промените на „визната програма 457“ да привлечат подобро квалификувани работници.

– Ние сме земја на имигранти, но останува фактот дека австралиските работници мора да имаат приоритет за работите во земјата, нагласи Турнбул.

Визната програма 457 има за цел да го пополни недостатокот на Австралија од квалификувана работна сила, а странските работници можат да ги донесат и своите семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top