Златното момче од 2012 година и покрај што медиумите го „селат“ од Бернабеу одлучи кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Иско сезонава беше стартер на половина од натпреварите во шпанската Примера, па се шпекулираше дека по крајот на оваа фудбалска година ќе го напушти актуелниот европски првак. Шпанскиот репрезентативец вели дека нема намера да заигра за друг клуб, иако договорот му истекува во јуни 2018 година, тој е сигурен дека ќе игра за Реал уште многу години.
– Јасно е дека сакам да играм повеќе, но не и ако не заслужувам. Ако мојот тренер мисли дека треба да влегувам од клупа, тогаш тој знае што е најдобро за тимот. Јас сум тука да дадам се од себе во секоја шанса што ја добивам. Размислувам само за Реал, сакам да останам тука уште долго време. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот и среќен сум што сум дел од ова семејство. Во последно време читам многу работи околу мојата иднина кои не се вистини, не ни помислувам да заминам од тука, се додека клубот реши дека повеќе не сум потребен – изјави Иско.
Иско сезонава стартуваше на 15 натпревари во домашното првенство, на 11 влезе од клупата, а постигна девет гола и асистираше на пет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент