| четврток, 6 декември 2018 |

Еден час трчање го продолжува животот

Научниците од Универзитетот на Ајова тврдат дека еден час трчање го продолжува животот за седум часа, без разлика на брзината на трчање и предвидените километри.

Ова истражување е базирано на студија од 2014 година објавено во списанието Journal of American College of Cardiology, како и други студии што го поврзуваат секојдневното десетминутно трчање со квалитетот на живеење.

Дошле до заклучок дека кај луѓето кои се занимаваат со трчање, без разлика на темпото или поминатата километража, имало намалување на ризикот од прерана смрт.

Исто така било откриено дека кај луѓето кои само што почнале да се занимаваат со трчање, смртноста била намалена за 16 отсто, а ризикот од кардиоваскуларни болести бил намален за 25 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top