По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Почетокот на 13-тото продолжение на седницата е закажано во 11 часот.
Во досегашниот тек од расправата со реплики се јавуваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои бараат СДСМ да се откаже од платформата од Тирана и дека тоа, според нив, е клучот за излез од политичката криза или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се во допир со точката на дневниот ред. Тие побараа да се стави на гласање нивниот предлог – да се премине на новата точка – избор на претседател на Собранието.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст