
Европскиот првак Реал Мадрид ќе настапи ослабен на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите што се игра утре против Баерн Mинен бидејќи тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на Герет Бејл. Играчот на Реал се повреди во текот на вториот дел од првиот натпревар што во средата се играше во Минхен.
Велшкиот репрезентативец, како што пренесуваат шпанските медиуми, би можел да го пропушти и саботниот натпревар од Примера против Барселона поради повредата.
Во текот на оваа сезона Бејл има проблеми со повредите, а досега одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови.
Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Минхен го победи Баерн со 2-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен


