Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов нема да го прими поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт кој е во посета на Македонија.
Поранешниот шведски политичар, и сегашен ко-претседавач нa тинк – тенк организација која се занимава со политички анализи, доаѓа во Македонија на средба со политичките лидери, јавуваат повеќе домашни медиуми.
Од Кабинетот на Иванов официјално велат дека во агендата на македонскиот претседател не е предвидена таква средба.
Неофицијално до средба Иванов – Билт нема да дојде пред се поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Билт честопати фаворизира одредена страна, давајќи свои коментари и изјави во врска со политичките случувања на Балканот но и во Македонија. Пред своето доаѓање во Скопје тој на својот Твитер профил напиша: „Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дела разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево