| четврток, 6 декември 2018 |

Србија го бара со потерница, а тој ужива во луксуз во Лас Вегас

владо

Водителот Владимир Станојевиќ, кој се наоѓа на потерница затоа што брутално ја истепа својата поранешна девојка Ана Марија Жујовиќ, изгледа одлично се снаоѓа во Америка, каде што, како што признава има господски живот.

-Работам како хост, односно домаќин за најпознатите клубови во Лас Вегас, каде што се организираат најдобрите журки покрај базен. Работам секоја вечер и раководам со неколку лимузини кои превезуват гости од хотел до клуб – кажал водителот.

Тој призна дека пред неколку дена се преселил во нов стан во Лас Вегас во елитниот комплекс „Панорама апартментс“ и дека има се што е потребно за лагоден живот.

Тој во Србија е на потерница, бидејќи не се појавил на главното рочиште за случајот кој се води против него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top