Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ, која во следните неколку дена во рамки на партнерската програма за соработка ќе оствари планирана работна посета на сојузната држава на САД-Вермонт.
-За време на престојот во САД, НГШ на АРМ ќе оствари средби на највисоко ниво со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, гувернерот на Сојузната држава Вермонт господин Фил Скот, а ќе оствари посети на воениот универзитет „Норвич“, Центарот за обука „Итан Аллен“ и агенцијата за Кризен менаџмент и државна безбедност на Вермонт, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.
Соработката на АРМ со НГ на Вермонт во изминативе 23 години изразена преку динамична и сеопфатна програма на активности, како семинари, вежби и други форми на обука овозможи постигнување на особено високи резултати и помош на АРМ во достигнувањето на стандардите на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.