Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата на сообраќајната полиција, во текот на оваа недела во рамки на меѓуародната организација TISPOL-мрежата на сообраќајната полиција, ќе спроведе акција на засилена контрола на брзината на движењето на возилата.
Акцијата ќе се спроведува во сите делови на државата што соработуваат во рамки на TISPOL со 28 земји членки на ЕУ, меѓу кои и Швајцарија, Норвешка и Србија.
Во рамки на акцијата в среда, на 19 април, ќе биде спроведена и акциајта „Speed Marathon“, каде што брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видеонадзорот и уредите за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата – пресретнувачи.
На секој контролиран возач ќе му биде направен алкотест, додека сообраќајната полиција, исто така, за време на запирањето на секое моторно возило што ќе ја надмине дозволената брзина на движење, ќе му изврши контрола и на користењето на појасите за врзување како на возачот така и на патниците, на начинот на кој предвидел производителот на возилото.
Според истражувањето што го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само пет отсто доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20 отсто.
Според истото истражување, користењето на безбедносните појаси го намалува ризикот од смртно настрадаување во сообраќајните незгоди за околу 50 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре