| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Истанбул против резултатите од референдумот

иса

Жители на неколку квартови во најголемиот турски град Истанбул тропаа вчера со тенџериња и тави од прозорците како традиционална форма на протест, додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи победата на референдумот за уставни измени, со кои се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.

Очевидци велат дека жителите на најмалку четири квартови на Истанбул протестриале на овој начин.

Видео снимки и фотографии на социјални мрежи покажаа мали групи на лица, кои протестираат, излезени на улиците во делови од градот.

Според првичните неофицијални резултати од референдумот при преброени 99 отсто од гласовите, за поддршка на уставните измени гласаа 51,3 отсто од турските избирачи. Одѕивот на референдумот изнесувал 86 отсто. Но трите најголеми градови во Турција, меѓу кои и Истанбул, гласаа со „не“ на референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top