| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапуваат цигарите

655-402-cigariЗа 5 денари поскапо се продаваат Вест силвер, Вест ред и Вест вајт, Валтер вулф, Ронхил блек и Ронхил голд, изјави трговец за Сител.

Поради зголемената акциза, поскапувањето се очекуваше да стартува за неколку месеци, пред почетокот на летото и тоа за 4 денари.

Поскапувањеро на цигарите за почна од 1 јуни 2015 година, кога се зголеми акцизата за 0,15 денари по парче. Од 1 јуни 2016 г., па во наредните 7 години, поточно до 2023 година ацизата се зголемува за 0,20 денари за парче.

Од оваа недела, односно од вторник се очекува и нова, зголемена цена на горивата. Ако се следи трендот на светските берзи, цената на нафтата изминатиот период, поради несигурноста и случувањата во Сирија бележи нагорен тренд. Порастот на цената на суровата нафта на светските берзи од 23 март до 11 април се зголеми за над 11%. Пред две недели Регулаторната комисија за енергетика не ја промени цената на безнините, освен кај дизелот, каде имаше намалување за денар и половина. Сега, случувањата од светските берзи се очекуава да се рефлектираат и кај нас веќе од вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top