Оксфорд си даде задача да ги пронајдат најдобрите шеги во Велика Британија. принципот по кој се воделчо истражувањето не е објавено , но не е ниту важно. како и со секои шеги, некому ќе му се допаднат, а некому не. Но сепак, крајниот резултат е листа на петте најдобри шеги.
Полжав со став
Мажот седи во соба кога во тој момент некој тропа на врата. Ја отвора вратата и гледа полжав. Го зема и го фрла далеку во дворот. По три години повторно тропа некој на врата. Тој ја отвора вратата и го гледа истиот полжав кој луто му вели: Добро, што беше тоа однесување?
Дух и идиот
Три пријатели заглавиле на пуст остров и наоѓаат ламба со дух, кој им ветил дека на сите ќе им исполни по една желба. Првиот посакал да го врати дома и вториот исто така. А третиот рекол: Осамен сум, врати ми ги пријателите.
Момче и бербер
Момче влегува во берберница, а берберот му шепнува на муштеријата: Ова е најглупото момче на светот. Сега ќе ти покажам. Берберот во левата рака зема пара од 10 марки, а во десната кованици од две марки, а потоа го прашува момчето: Кои ги сакаш? Момчето ги зема кованиците и излегува.
– Што ви кажав? Малиот никогаш нема да научи, вели берберот на своите муштерии.
Кога муштерија излезе од берберницата го здогледало момчето како излегува од продавница за сладолед и му вели: Мали, зошто ги зема кованиците, а не 10-те марки?
– Затоа што оној ден кога ќе му ги земам 10-те марки, играта ќе заврши, задоволно одговорило момчето, лижејќи сладолед.
Еден во милијарда
Кина има над милијарда жители. Милијарда! Тоа значи дека таму дури и ако си „еден во милион“, постојат уште барем илјада исто како тебе.
Трка со мечка
Двајца планинари шетаат по шумата, кога ги догледува мечка на оддалеченост од 50 метри. Мечката тргнува по нив. Еден од планинарите брзо од ранецот извадил патики и почнал да ги облекува, додека другиот му вели: Што правиш? Патиките нема да ти помогнат да си побрз од мечката?
– Важно е да сум побрз од тебе, одговорил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.