Вечна дилема! Како да се преживее првата средба по раскинувањето на врската со поранешниот партнер? Можеби веќе има нова врска? Што ако го/ја сретнам со новиот партнер? Најдобро е да бидете подготвени и да не дозволите ништо да ве изненади.
Знаете дека некогаш ќе се сретнете, можеби и мислите дека сте потполно подготвени за тоа, но во повеќето случаи таа прва средба е прилично чудна. Еве како да го преживеете тоа без многу стрес
Не мора да се сретнете
Секогаш треба да имате на ум дека е сосема во ред да се игнорира поранешниот/поранешната доколку го/ја видите и доколку помислите дека не сте подготвени за средба. Доколку можете да избегнете и доколку мислите дека тоа е најдобра опција, направете го тоа без многу расмислување. Ништо не ѝ/му должите.
Не трудете се премногу
Бидете подготвени и не обидувајте се да го нагласите тоа дека ви е многу добро откако не сте заедно. Кратко позборувајте со поранешниот партнер, сослушајте што има да каже и тргнете понатаму. Ако се задржите предолго, ќе помисли дека му недостигате, а веројатно тоа не го посакувате.
Бидете љубезни
Доколку е со нова девојка (момче), бидете пристојни и однесувајте се нормално, не бидете безобразни и да покажете дека тој/таа ви пречи, но не глумете и дека сте воодушевени од нејзината/неговата појава затоа што сите ќе знаат дека тоа не е вистина.
Вие треба прво да си одите
Најдобро е вие да го иницирате одењето и да кажете дека брзате некаде, затоа што така ќе изгледате дека сте го преболеле раскинувањето, па дури и по цена и да сакате да заплачете поради средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.