Статистиката покажува дека празничните денови наместо во уживање, се повеќе парови и врски времето го минуваат во расправии. Аналитичарите и анкетарите откриваат кои се најчестите причините за тоа.
Финансии
Реално, празниците се скапи. Сепак треба да се издвојат пари за подароци, а и самиот празничен ручек не е баш ефтин, и на крај испаѓа дека празниците се луксуз. Во такви ситуации понекогаш е тешко да се размислува рационално, а тоа може да предизвика несогласување кај паровите. Ако во тој период немате доволно пари, бидете скромни бидејќи друго решение нема.
Стрес од патување
За време на празниците често се патува, а подолгите патувања можат да бидат причина за многу стрес. Затоа на патот кон дома вооружете се со трпение.
Заедничко време
Празниците ни носат многу заедничко време со семејството кое може да донесе проблеми доколку не сте внимателни. Многу од паровите се опуштаат кога ќе завршат празниците бидејќи можат да се вратат во својот мирен дом. За да не дојде до конфликт, имајте на ум дека вие и вашиот партнер припаѓате на истиот тим. Времето поминато со вашето или со неговото семејство е само привремено, па потрудете се да бидете стрпливи и смирени.
Семејство
Баш семејството може да биде една од главните причини за карање. Вашето семејство сака со нив да ги поминете празниците, а сигурно и семејството на партнерот го посакува истото. За да не дојде до конфликт, пробајте да се договорите на пример Велигден да го поминете кај едните, а Божиќ кај другите. Или пак, одвојте по неколку часа на двете места, доколку живеат во близина. Решение секогаш постои, она што е најважно е да најдете компромис.
Барања на децата
Децата за време на празниците имаат секакви желби и потреби. Ако тие не се исполнети, децата знаат да станат мрзеливи. Сосема е јасно дека однесувањето на вашите деца ќе влијае на вас и на вашиот партнер. Пробајте ситуацијата да ја решите смирено објаснувајќи им на децата дека не можат да добијат сè што ќе посакаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.