„Доктор К.” минатиот понеделник, со своето семејство, дискретно го прослави својот 90-ти роденден. Физички е забалежително ослабен, се движи со помош на бастум, но духот му е остар како и претходно. На пензија воопшто не размислува: неговата консултантска куќа во Њујокр работи со полна пареа.
Алфред Хенри Кисинџер – доајен на американската дипломатија и еден од најпознатите државни секретари во историјата, влезе во десеттата деценија од животото со репутација која го следи од почетокот на јавната кариера: дека има подеднакво силни обожаватели колико и лути критичари.
Малкумина во светот може да се пофалат дека имале влијание на светските збиднувања во последните половина век, како што е тоа овој германски имигрант, кој со семејството ја напуштил Германија кога имал 15 години. Англискиот јазик наводно го научил по доаѓањето за 15 дена, но го задржал својот забележителен германски акцент, а кога го добил американското државјанство, крстеното име Хајнц го американизирал во Хенри.
Неговите мемоари за годините поминати во Белата куќа се сметаат за интелектуално многу постимулативни отколку вкоричените сеќавања на оние кои биле таму пред него и по него.
Реализмот на „Кисинџеровиот стила” денеска е многу популарен во Белата куќа отколку меѓу неговите републиканци. Обама на „кисинџеровски” начин замижува пред она што на своите граѓани им го прават режимите на некои американски сојузници на Блискиот исток и на други места, а Џејкоб Хелбурн, уредник на познатиот надворешнополитички магазин „Нешенел интерест” погледите на свет на Обама ги опишува како „неокисинџеризам”, па дури и напоменува дека претседателот во надворешната политика наскоро би можел да говори и со „германски акцент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.