| четврток, 6 декември 2018 |

Сфатете не сериозно: Воена парада во Северна Кореја, Ким Јонг-ун ги покажа нуклеарките (Видео)

Северна Кореја прикажала, на прославата по повод 105-годишнината од роденденот на основачот на земјата, нов вид на ракета со долг дострел која се лансира од подморница.

Тоа е прв пат Северна Кореја да претстави таква ракета, која има дострел од 1.000 километри.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, на прославата на 105. роденден на својот дедо Ким Ил Сунг, носел темно одело, изгледал релаксирано и се смеел со соработниците, додека ја гледал големата парада по повод “Денот на сонцето” на главниот плоштад во Пјонгјанг.

Како што се наведува, во текот на парадата, војниците марширале, а можеле да се видат и тенкови, системи за лансирање на ракети и други видови на вооружување, додека авионите во 105 формација прелетале над главите на присутните.

-Доколку САД продолжат со провокациите кон нас, нашата револуционерна сила веднаш ќе се спротивстави на напаѓачите, рекол тој.

Кина е главен сојузник на Северна Кореја, но се изјаснила против севернокорејските ракетни и нуклеарни проби, и ги поддржала санкциите на ОН против таа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top