Победата на одговорот „да“ на утрешниот референдум во Турција за проширување на претседателските овластувања ќе го отвори патот за враќање на смртната казна во земјата, изјави денеска на митинг шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган.
– Браќа, мојата одлука за смртната казна е јасна. Ако биде изгласана во парламентот и дојде до мене, јас ќе ја одобрам и ќе го затворам прашањето. Ако тоа не се случи, тогаш ќе одржиме друг референдум и нашиот народ повторно ќе одлучи, истакна Ердоган.
За уставни измени потребна е поддршка од двотретинско мнозинство во Парламентот, додека за одобрување референдум за определен предлог е потребно мнозинство од три петтини од пратениците, како што е случајот со утрешното гласање.
Турскиот претседател нагласи дека резултатот од гласањето утре ќе биде одлучувачко во врска со натамошниот однос со ЕУ. Турција е кандидат за членство во Унијата, а евентуалното враќање на смртната казна ќе стави крај на шансите за нејзино присоединување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст