| четврток, 6 декември 2018 |

Бриони оди на концесија

Бриони оди на концесија. Островот располага со огтомни туристички капацитети: хотелите Нептун, Истра и Кармен, куќите за одмор со три ѕвезди Фажанка и Магнолија, како и куќите за одмор со четири ѕвезди Приморка, Дубравка и Ловорка со вкупно 156 соби и 304 туристички легла.

villa_brioni_p_bowe_600x

Бриони се единствени. Ништо слично не постои во Европа. На Бриони природата е толку убава што каде и да фрлите поглед тоа изгледа како од разгледница, шетате и се капете покрај римски, византиски остатоци, практично како цело време да сте во музеј. Навечер се слушаат звуци на птици и диви животни и добивате впечаток дека сте на некое егзотично место.

RNK_Brioni_07

На кој терен за голф во светот пасат трева срни и елени? На Бриони се што ќе се погледне е атракција и сензација. Да не ги споменуваме археолошките наоѓалишта и вредните артефакти, туку само блиската историја, Титовата историја, тоа може да биде прекрасна туристичка приказна.

Токму овие зборови на новинарката Јожица Бродариќ ги натера властите во Хрватска да размислат на темата туристикчи комплекс Бриони и наскоро тој ќе оди на концесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top