| четврток, 6 декември 2018 |

Кога го отворивме гробот на Исус инструментите престанаа да работат:Што навистина се случило при отворањето на светиот гроб после 7 века?

Антонија Марополо, хемиски инженер од Национален технички универзитет во Атина, во ексклузивно интервју за дневниот весник „Дневник“ открива како течел процесот на отворање на светиот гроб на Исус Христос во Ерусалим.

Марополо сведочи и за моментот кога престанале да работат мерните инструменти кои биле поставени во внатрешноста.

Чувствував нешто што не може да се опише со зборови. Kако може да се опише чувство кога по цели седум века пред вас се крева плочата што го покрива најсветото место на христијаните во светот, дека сте први што го гледате тоа и оти токму вам ви припаднала задачата да ги реконструирате местото на кое воскреснал Исус Христос и црквата што е направена на местото на пештерата во која бил погребан.

Откако сe се заврши, среќна сум што сe направивме и сигурна сум дека ова свето место сега ќе биде уште подобро заштитено и ќе трае со векови. Но, мерките за заштита не смеат да запрат, бидејќи сега откривме дека подолу, под Светиот гроб и црквата „Едикуле“ има подземни води, кои можат да направат проблеми, што значи дека треба да бидеме внимателни… На ваков начин Антонија Марополо, хемиски инженер од Национален технички универзитет во Атина, ги опишува своите чувства како водач на експертскиот тим кој минатата година направил единствен потфат во светот со отворањето на гробот на Исус Христос во Ерусалим, односно местото на неговото воскреснување.

Таа ја коригира информацијата што во октомври минатата година ја пренесоа медиумите дека местото на воскреснувањето се отвора првпат по 550 години.

– Отворањето се случи првпат по седум века. Затоа и нашите чувства и одговорноста беа уште поголеми – вели таа.

Проектот вклучувал отстранување железни столбови, кои ја поткрепувале црквата од сите страни, а кои биле поставени во педесеттите години од минатиот век. Тоа подразбирало зајакнување на камените блокови од кои е изграден храмот што е подигнат во 325 година, од римскиот цар Kонстантин на местото за каде што се верува дека е погребан Исус Христос.

Познато е дека во Библијата, во Евангелието според Матеј, пишува оти откако Исус починал распнат на крстот на местото Голгота, Јосиф го зел телото, го завиткал во белото платно и го погребал во пештерата во која го изделкал сопствениот гроб. Kонстантиновата црква на Светиот гроб била уништена од муслиманскиот калиф Ал- Хаким во 1009 година, а во 12 век крстоносците и го дале сегашниот изглед. Последен пат била реконструирана во 19 век. Со неа управуваат Грчката православна црква, Ерменската православна црква и Римокатоличката црква.

Професорката Антонија Марополо објаснува и дека зафатот бил исклучително сложен, бидејќи никој не можел да знае како објектот ќе реагира кога ќе се отстранат досегашните метални столбови што ја поддржуваа конструкцијата.

Целиот текст прочитајте го тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top