| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со честитка по повод Велигден до Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх

Ми претставува особено задоволство, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Се вели во честитката од Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по повод празникот Велигден до Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија

Во продолжение интегрален текст од честитката.

Почитуван,

Ми претставува особено задоволство, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.
Велигден е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта, ден кога кај секој човек повторно се раѓа надежта.
Нека домовите и храмовите бидат исполнети со радост и со пораки на сплотеност, мир и хуманост како универзални вредности и пораки. Блаженството и спокојот во овие празнични мигови нека го исполнат срцето на секој верник, а пораките на љубов, толернација и простување да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили , нашите роднини, соседи, со нашите пријатели.
На овој светол ден, да ја празнуваме големата жртва на нашиот Бог и неговата чиста и безусловна љубов кон луѓето. Пораката на овој ден за богоугоден живот, скромност, човекољубие, и меѓусебна почит, нека се шири меѓу луѓето како порака за сплотеност и заедништво. Само така ќе придонесеме кон лична благосостојба и напредок, но и заеднички просперитет на нашите семејства и градење на успешна и духовно побогата Македонија.
Нека е честит и вековит празникот,
Нека е вечна Македонија.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
Никола ГРУЕВСКИ
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top