| четврток, 6 декември 2018 |

Во понеделник ќе одмараме: уште колку продолжени викенди има годинава?

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови за 2017 година кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

• 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (понеделник), Ден на трудот,

• 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 25 јуни (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден

• 02 август (среда), Ден на Републиката

• 8 септември (петок), Ден на независноста

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици)

• 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 02 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 17 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (среда), Празникот на сите светци

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 01 септември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top