Заев не дозреал за улогата што му ја дале. Се преценил и самиот тој, а го прецениле и тие што му дале да игра таква улога. Во политиката треба да има дијалог и компромис, а тој не сака да разговара, вели претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот дневен весник „Венр цајтунг“.
„Која и да е коалиција создадена под уцена е нестабилна. Уставот се менува со двотретинско мнозинство. Но Заев ќе настојува да се донесат тие закони во Парламентот, за јас да ставам вето јас на нив, а Уставниот суд да покрене иницијатива и да ги поништи тие закони. Тоа ќе го прави Заев за да после ме обвини мене дека сум антиалбанец. Сфаќате колку е перфидна играта“, вели претседателот Иванов.
„Заев сака само да дојде на власт. Но, тој ги изгуби изборите во декември. Јас сметам, дека тој не знае во каква игра се вмешал. Тој беше заслепен од желбата да дојде на власт. Сега се наоѓа во деликатна ситуација. Доколку не успее да дојде на власт, би можел да заврши в затвор“, вели претседателот Иванов.
„Јас не се заканувам. Македонските институции во даден момент ќе постапат против него, ќе ги истражуваат сите околности. На пример, интересно ќе биде прашањето кој му ги доставил прислушкуваните разговори“, вели претседателот Иванов за „Винер Цајтунг“.
Според македонскиот претседател, нови парламентарни избори се една од опциите за излез од кризата.
„На крајот ќе има избори, кога тогаш. Тоа секогаш е така во демократијата. Кога има блокада, секогаш се завршува со избори. Но, сега, на тие што го создадоа Заев, не им одговараат избори, бидејќи вложија многу пари, многу авторитет во него, и треба да го сочуваат образот. Тие се свесни дека ова е промашена инвестиција. Бидејќи со платформата што ја прифати Заев секој ден довербата му опаѓа“, вели македонскиот претседател во интервјуто за „Винер Цајтунг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани