Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници посакувајќи им добро здравје, благосостојба и духовен мир.
– Во деновите кога го славиме победителот на смртта да се присетиме дека Христовото воскресение е основа на спасението. Со овој чин Спасителот ни дарува слобода во љубовта, избавувајќи нè од смртта и дарувајќи ни живот. Затоа, Пасха, како што уште се нарекува Христовото воскресение, значи премин – смилување, чудо на сите чуда, божји дар и благослов. Да се верува во Синот Божји значи да се има непоколеблива надеж и искрено покајание – пишува во честитката Иванов.
Додава дека треба да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото.
– Нема поблагословен ден од Велигден, затоа Ве повикувам, заеднички, да побараме разбирање, единство и братољубие меѓу нашиот христијански народ. Да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото – истакнува Иванов.
Во велигденската честитка претседателот Иванов на сите христијански верници им посакува меѓусебно почитување, разбирање и љубов во срцето со верба во Бога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани