| четврток, 6 декември 2018 |

Ен-Би-Си: САД подготвени за напад ако Северна Кореја изврши нова нуклеарна проба

САД се подготвени да извршат превентивен напад со конвценционално оружје врз Северна Кореја доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба, изјавија високи претставници на американските разузнавачки служби, јави Ен-Би-Си.

Тие велат дека се поставени два воени брода разурнувачи на САД на 480 километри од брегот на Северна Кореја, кои имаат можност за лансирање на крстосувачки ракети „Томахавк“ на територијата на таа земја.

Северна Корека веќе предупреди за „големиот настан“, а властите на САД велат дека се укажува на тоа дека се работи за нуклеарна проба, која би можела да се случи овој викенд во пресрет на 105. роденден на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.

Тешки американски бомбардери се позицонирани во база на територијата на државата Гуам во случај на напад на Северна Кореја, а претходно оваа недела, ударна група на американската морнарица „Карл Винсон“ е испратена во регионот.

Нападот на САД би опфатил ракети, бомби, како и кибер напади и поставување специјални единици на терен, наведува американската телевизија.

– Таквиот напад би можел да го испровоцира непредвидливиот и опасен режим на Северна Кореја да лансира контранапад врз Јужна Кореја, објави Ен-Би-Си.

– Водството на Северна Кореја не покажало никаков интерес за дипломатија и дијалог со други земи во врска со овој проблем, изјави за Ен-Би-Си корејскиот претставник во Центарот за стретешки и меѓународни студии Виктор Ча.

Северна Кореја во средата се закани дека прва ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје, доколку има знаци дека Вашингтон подготвува напад, додека вчера предупреди на „немилосрден напад“ доколку САД што било преземат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top