| четврток, 6 декември 2018 |

Писмото на докторот на Ал Капоне открива: гангстерот во последните години од животот бил на ниво на 7-годишно дете

Аукциската куќа „RR“ ги стави на продажба медицинскиот картон и рачно напишаното писмо на чикашкиот гангстер Ал Капоне кои детално ги опишуваат последните години од неговиот живот и здравствените проблеми поради сифилисот.

347019_kapone03ap_ff

Писмото кое Капоне му го напишал на неговиот доктор е датирано на 25 август 1941 година-две години откако ја отслужил затворската казна поради затајување данок. Во тоа време пател од деменција и лекарите утврдиле дека неговата ментална „возраст“ варира од 7 до 14 години. Во долгото писмо лекарот на Капоне од Мајами му пренел на друг лекар дека има намера да изнајми медицински работник кој ќе се претставува како возач за да го заштити од јавноста поради неиспровоцираните изливи на бес на дементираниот и нестабилен Капоне.

347018_kapone02ap_ff

Наддавањето за останатите предмети кои му припаѓале на Ал Капоне се предвидува да заврши на 19 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top