| четврток, 6 декември 2018 |

Aко не јадете леб еве колку килограми ќе ослабнете

Доколку се прашувате колку би можеле да ослабете доколку почнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку леб јадете.

Иако лебот не е многу богат со калории, доколку го јадете со секој оброк, тогаш значително ќе го зголемите внесот на калории.

Статистиката вели дека белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 грама содржи 74 калории.

Доколку го намалите внесувањето на калории за 100 до 500 калории дневно, а покрај тоа сте и физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин за да го изгубите вишокот на килограми. Доколку вообичаено јадете парче леб за појадок, англиски мафини за ужина, сомун за ручек и уште едно арче леб за вечера, имајте во предвид дека само со конзумирањето на леб од прилика внесувате 454 калории дневно, односно 3.178 неделно.

Ако сакате да ослабете половина килограм неделно, потребенно ви е намалување на калориите од околу 3.500 калории, па ако моменталниот внес на калории е доволен за да ја одржувате тежината, редукцијата на 3.178 калории неделно може да ви помогне да изгубите половина килограм речиси секоја недела.

Дали некој килограм помалку е вреден за исфрлање на лебот од исхраната? Да, вреди! Ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете многу други работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top