Косовскиот Совет за безбедност соопшти денеска дека се откриени неколку поединци и групи, кои имале намера да го дестабилизираат Косово и да извршат напади против некои лидери и политички претставници.
Како што пренесуваат косовските медиуми, институциите откриле неколкумина поединци и нивни групи поврзани со организации и лица од други земји, кои имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да го загрозат уставниот поредок.
Според соопштението на Советот за безбедност, тие групи имале намера да „извршат дела против некои лидери и политички претставници“.
– Косовските институции преземаат соодветни мерки за заштита на уставниот поредок, безбедноста и одбрана на државните лидери, политичкиот живот и други луѓе кои се загрозени од тие криминални групи, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст