| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кадети двапати поразени на турнирот „Ракометот е мојата иднина”

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија е поразена во првите два натпревари на меѓународниот турнир „Ракометот е моја иднина” во Бугојно, Босна и Херцеговина.
Избраниците на Никола Матлиески и Кристијан Грчевски, претрпеа пораз од своите врсници од Полска 25:22 (10:8), во рамки од првото коло од групата А во која се натпреваруваат и Словенија која славеше над домаќинот БиХ. Веднаш потоа се одигра и дуелот од второто коло во кое словенечките кадети беа исто така подобри од македонските и победија со 32:23 (16:9)

Најдобар стрелец во македонската репрезентација беше Димитар Димитриоски со 9 голови, додека кај Словенија се истакна Новак Домен со 7. Во третото коло Македонија ќе игра со домаќинот, Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top