Овие денови АРМ одбележува 25 години од пристигнувањето на првите регрути во Армијата. На 13 април 1992 во касарната во Охрид стигна првиот регрут на АРМ, 21 годишниот велешанец Панче Јамандиев.
По тој повод на вчерашната воена свеченост на денот на КОД која е носител на традициите на прием на првите регрути во АРМ, (официјално првиот масовен прием на првите регрути е 15 април 1992) од страна на НГШ на АРМ на Панче му беше врачена златна значка на АРМ. Неколку фотографии во сеќавање на овој значаен настан за историјата на АРМ.
На 17 април тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата, на кој пишува: “Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје”. Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и на нејзиното воено осамостојување.
На денот на ослободувањето од фашизмот, 9 Мај, во касарната “Маршал Тито”, денес “Илинден”, првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска. Следните денови македонските регрути свечена обврска дадоа и во другите касарни на Републиката.
Десет дена подоцна на граничниот премин Меџитлија, кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со македонски, а следниот ден и на граничните премини Богородица и Дојран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст