| четврток, 6 декември 2018 |

Тростен Фрај: Неприфатливо е мешањето на Рама и Бушати во внатрешните работи на Македонија

rama-bushati1Пратеникот на Христијанско–демократската унија (ЦДУ) во германскиот Бундестаг Торстен Фрај вели дека е неприфатливо наметнувањето политички теми од странски држави и политичари во Македонија.

На прашање на МИА како ги коментира состојбите во Македонија во поглед на Тиранската платформа, Фрај, кој е член на Kомитетот за надворешна политика на германскиот Парламент, смета дека како принцип ниту во ЕУ ниту во Западниот Балкан не смее да има мешање на странски политичари во внатрешните политички прашања на други земји.

– Според моето искуство Албанија во минатото секогаш имала конструктивен улога во регионот. Но, сега не е добар сигнал тоа што албанискиот премиер сака да наметне албанска платформа преку албанските партии во Македонија. Тоа не е прифатливо. Актуелните политички предизвици се внатрешен проблем на Македонија и не смее да има наметнување на прашања од други држави. Јас немам никакво разбирање на мешањето на албанскиот премиер во внатрешните работи на Македонија, вели Фрај, кој е добар познавач на состојбите на Баканот, а во ноември ја посети Македонија.

Бушати: Тиранската платформа да влезе во македонскиот устав

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во интервју за бриселскиот интернет-портал „Еурактив“ ја коментираше и состојбата во Македонија и вмешувањето на неговата држава во внатрешните работи на својот сосед преку т.н. тиранска платформа.

– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, вели Бушати.

 

Рама не престанува да се меша

Рама во своето последно интервју за една албанска телевиизија ги заборава останатите етнички групи, односно делови од народи што живеат во земјава и вели дека населението било составено од Македонци и Албанци. Според овие зборови на Рама, Македонија е веќе бинационала држава.

-Албанците не се бегалци во Македонија, тие се интегрален дел од населението со две различно националности, тоа се Македонците и Албанците, вели Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top