Привремен сообраќаен режим од 8 до 18 часот денеска и утре ќе се воведе на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада.
Како што соопшти Градот Скопје, режимот е поради прекоп за поставување подземни инсталации, а на коловозот ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација.
– Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, апелира Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.