Бугарскиот премиер, Огњан Герџиков и српскиот прв заменик-премиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вчера во Босилеград разговараа за можноста за воведување на единствена гранична контрола на границата меѓу Бугарија и Србија, јави БТА.
– За тоа прашање разговаравме со вице-премиерот Дачиќ. Сметам дека ЕУ не би забранила таква иницијатива, имајќи ја предвид перспективата на Срибија во Европската унија – изјави Герџиков на крајот на денешната посета на српскиот град Босилеград.
Пред средбата, Герџиков и Дачиќ положија цвеќе на споменикот на бугарскиот национален херој, Васил Левски, во Босилеград.
Герџиков, притоа, изјави дека Левски не е само бугарски херој, бидејќи тој се борел за слободата на сите балкански земји.
Дачиќ од своја страна нагласи дека Левски е симбол на слободата, додавајќи дека Србите и Бугарите имаат многу заеднички работи.
– Треба да ги гледаме вредностите кои нè поврзуваат. Неразбирањето раѓа насилство – изјави Дачиќ.
Средбата се одржа на иницијатива на градоначалникот на Босилеград, Владимир Захариев, кој воедно е и претседател на Националниот совет на бугарското национално малцинство во Србија.
– Целта на оваа иницијатива е историско помирување меѓу бугарскиот и српскиот народ. Треба да знаеме да ја почитуваме историјата, но уште поважно е да изградиме подобра иднина за нашите два братски народи – рече Захариев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!