Ограбил банка и чекал во холот на банката за да пристигне полицијата. И се за да избега од жена му. Крадецот влегол во банката и на банкарот му дал лист хартија на кој што пишувало дека носи пиштол и дека бара кеш.
Добил само околу 3000 долари, по што отишол кај обезбедувањето во банката и заедно ја чекале полицијата. На истражителите им рекол дека подобро би лежел во затвор, отколку да седи дома.
Според изјавата што ја дал на неговото судење, Лоренс Рипл,70. годишен жител на Канзас Сити, тој се одлучил да ја ограби банката за да избега од жена му.
Од полицијата изјавиле дека мирниот крадец намерно ја избрал таа банка, која што имала полициска станица во близина. Рипл им кажал дека утрото имал расправија со жена му, по што решил да не се враќа веќе дома.
За оваа „авантура“ на американецот сега ќе одмора од жената на 20 години затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)