Еден од трите најголеми тур-оператори во Полска, „Рејнбоу“ ќе почне да ја продава Македонија на своите туристи. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, полскиот туроператор по повеќе дена инспекциско патување низ земјава, склучи договори со неколку хотели и одлучи идната година да почне со чартер-летови.
– По „Рего бис“, ова е втор голем тур-оператор што пројави интерес да ги нуди македонските туристички убавини на туристите од Полска. Со неговото доаѓање двојно ќе се зголеми бројот на полските туристи. „Рего бис“ почнува да лета оваа година, а „Рејнбоу“ наредната, 2018 година. Ова е можност Македонија да се позиционира како туриситичка дестинација на 38 милионски пазар и овој пат ќе ја прошириме нашата понуда, со што фокусот покрај езерскиот туризам, ќе биде и на другите делови од Македонија, изјави директорот на Агенцијата Лела Крстевска.
Според Агенцијата, трендот на посета на Македонија од полски туристи интензивно расте во изминатите пет години, со што Полјаците се вброија во топ 10 туристи што ја посетуваат земјава. Полска е осма земја во Европа по бројот на популација, додека гостите од Полска што ја посетуваат Македонија се од 30 до 55-годишна возраст со преференција за култура, историја и активности во природа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст