Велипеток претставува најтажен ден во христијанството, а на овој ден е пропишан најстрог пост. На овој ден се одбележува страдањето на Исус Христос, неговото распнување на чесниот крст и неговата смрт за спас на светот. На овој ден христијаните се сеќаваат на настанот кога Исус бил навредуван, тепан и мачен додека масата викала: „распнете го, крвта негова на нас и на нашите деца“. На крајот Исус бил распнат на ридот Голгота (што во превод значи „место на черепот“) заедно со уште двајца разбојници.
Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно консумирање храна што не се пржи на масло. Затоа на Велипеток, според правилата, не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир и слично. Поголемиот број христијани на овој ден јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.
Во некои манастири монасите не јадат ништо на Велипеток до заоѓањето на сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако имате женско детенце еве што треба да направите за Велики Петок
-
Верувања за Велики Петок: Кој денес ќе ја измие косата ќе си го смени животот во следната година
-
Денес е најтешкиот ден во православниот свет – еве што се случило на Велики Петок
-
Муслиман направил хаос во црква на Велики петок: Хрвати во паника настрадаа во стампедо