Обвинителот во случајот со Марио Деус, почесниот конзул на Македонија во Барселона, пред судот рекол дека Деус сакал да ја убие и поранешната сопруга откако ги убил своите деца, пишуваат медиумите од Јужна Африка.
Тој ја повикал на ручек и ѝ кажал дека ги убил нивните тригодишни близначиња. Потоа ѝ се заканил дека и неа ќе ѝ го одземе животот. Ова го раскажал обвинителот Бенито Адонис вчера во судницата.
Деус ја изнајмил куќата за период од три недели за да ги посети седумгодишниот син и близнаците Максимо и Октавија, а на денот кога го извршил убиството требало да патува назад во Шпанија.
Тој ѝ испратил порака на поранешната сопруга Џулиа Енгелхорн за да ја покани на ручек, па ѝ ја кажал страшната вистина. Жената, за среќа, успеала да избега, да го земе третото дете, кое било на училиште, и да се спасат.
Адвокатот на Деус, Вилијам Бут, рекол дека неговиот клиент е во деликатна емоционална состојба.
По убиството додека бил во притвор, конзулот се обидел и да си го одземе животот со бесење, но го спасиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


