Во сообраќајната несреќа што се случи вчера во Тетово, 69-годишниот велосипедист Б.А. е тешко повреден и се наоѓа во неконтактибилна состојба во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Несреќата, како што додаде, се случила вчера околу 16 часот на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово кога Б.А. возејќи велосипед бил удрен од патничко возило „ауди А6“ со тетовски регистерски таблички управувано од Н.Х.(30) од Милетино.
– Повредениот велосипедист со возило бил пренесен во тетовската Клиничка болница и во неконтактибилна состојба задржан е за натамошна опсервација и лекарски третман. По извршениот увид се утврдува причината за несреќата и другите поединости – рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.