| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Црна Гора е „вовлечена“ во НАТО

cgora-nato

Руското Министерство за надворешни работи оцени дека одлуката на САД да го прифати Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО е „голема грешка“, во спротивност со суштинските интереси на народот во земјата, а исто така им нанесува штета ма стабилноста на Балканот и Европа во целост.

Во соопштението на руското Министерство се наведува дека потпишувањето на Протоколот покажува дека политиката на САД е „инертна“ и дека Црна Гора е „вовлечена“ во Алијансата без да се земе предвид мислењето на Црногорците.

– На овој потег гледаме како на приказ на инертната политика на Вашингтон, што ја одразува логиката на конфронтација на европскиот континент и развојот на новите линии на поделба. Ние констатираме дека волвекувањето на Црна Гора во НАТО се случи без земање предвид на реалното мислење на народот на оваа балканска земја, стои во соопштението.

Белата куќа на 11 април официјално соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го одобрил пристапувањето на Црна гора во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top