| четврток, 6 декември 2018 |

Сајмон Кауел ја убедил Мел Би да го остави насилниот сопруг

Некогашната „спајс“ девојка Мелани Браун (44) реши да се разведе од нејзиниот спруг, продуцент Стивен Белафонте (41) и тоа по совет на основачот на шоуто „Икс Фактор“, Симон Кауел.

Коуел дознал за проблемите на Мел Би уште пред три години, кога таа на едно снимање на шоуто дошла со модринки, откако Белафонте ја претепал.

По оваа таа често барала совети и помош од Кауел.

Според британските медиуми, пејачката е подготвена на се, со цел што побрзо да заврши процеост на развод од сопругот.

Мел наводно сака да ги заштити нивните деца и инсистира Стивен да потпише изјава дека нема да дава информации за нивниот живот.

Таа на Белафонте му ги го понудила приватниот остров во американската сојузна држава Вирџинија и пет милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top